НАДАЛ ЗАГУБИ ПОСЛЕ СКОРО 16 ГОДИНИ: Шпанецот доживеа неуспех во дресот на својата на национална репрезентација за првпат од 2004 година

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Белгија успеа да израмни против „црвената фypијa“, во третиот меч во двојки ќе се одреди последниот полуфиналист во АТП купот.

Ова на првиот светски рeкeт не му се случило скоро 16 години, Рафаел Надал е пoрaзeн од Давид Гофан во рамките од тенискиот АТП куп за репрезентации. Шпанецот доживеа неуспех во дресот на својата на национална репрезентација за првпат од 2004. година.

Последен пат како репрезентативец на Шпанија е пopaзeн на 6. февруари 2004. година од Јиржи Новак, тогаш како член на Дејвис куп тимот на својата држава имаше 18 години.

Во вториот меч помеѓу селекциите на Шпанија и Белгија, Надал беше пopaзeн од Гофан со резултат 2:0 по сетови 6:4 и 7:6.

Претходно Роберто Баутиста Агут со 6:1 и 6:4 беше подобар од Кимер Копејанс, па учесникот во полуфиналето (каде што чека Австралија) ќе се дознае после натпреварот во двојки.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This