Надомест за туѓа нега и помош од државата е строго забранета услуга?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Матичните лекари мака мачат да закажат термин за комисија за добивање надомест за помош и нега за друго лице. Велат дека термините во компјутерскиот систем ги снемува за само неколку секунди откако ќе бидат пуштени. Пациенти чекаат по неколку месеци, а најдраматично е во струмичкиот регион, каде што за термин за оваа услуга се чека половина година.

Пациентите кои веќе земаат надомест за нега, тоа мора да го обновуваат еднаш годишно. Но, оние кои доаѓаат на истекот на рокот, се соочуваат со прекин на паричниот надомест, се додека не добијат термин за комисија. Овој проблем се појави со појавата на пандемијата, откако се промени начинот на аплицирање. Матичните лекари бараат од надлежните министерства за здравство и труд да го вратат стариот модел.

Од Министерството за труд и социјална политика велат дека се формирани 15 комисии во земјава, кои месечно на располагање имаат по 200 термини или вкупно 3000 термини. Оттаму проблемот го лоцираат во зголемениот број барања за надомест за нега, но неговото решавање не го гледаат во враќање на стариот модел како што бараат матичните лекари.

„Право на овој надомест имаат граѓани кои поради болест или друга попреченост не можат сами да се грижат за себе. Висината на надоместокот е од 4 до 4500 денари месечно, во зависнот од видот на болеста или попреченоста.“

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This