Над 10.000 објекти со штета на конструкција во Петриња – и уште тресе

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во земјотресот во Хрватска се оштетени 8.928 згради, изјави жупанот Иво Шиниќ по координативната сесија на Главниот штаб на округот во Сисак.

Од 8.928 објекти во кои е пријавена штета, 20% се целосно срушени или сериозно оштетени и повеќе не можат да се користат, за 24% од објектите ќе биде потребен дополнителен статички преглед, а 54% од објектите може да се користат и покрај штетата.

„Бројот на оштетени згради сигурно ќе биде поголем, бидејќи извештаите сè уште не се готови“, рече Шиниќ.

Во погодената област, голем број волонтери помагаат во обнова на помалку оштетените објекти за да можат што побрзо да се користат повторно.

Од околу 2.000 компании во округот, 825 имаат голема штета, како и 700 продавници, шест од 13 средни училишта се неупотребливи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This