Над 112 илјади граѓани и фирми со блокирани сметки

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На 1. јануари минатата година стапија на сила нови , помеки правила по кои постапуваат извршителите, кои се чини дека не влијаат многу врз намалувањето на бројот на блокирани трансакциски сметки.

Според најновите податоци на Народна Банка (НБРМ)вкупниот број на граѓани и фирми со блокирани сметки заклучно со септември 2017-та изнесувал 112.491 во банките од кои 80.870 се физички лица, а 31.621 се правни лица.

Ако се земе предвид дека заклучно со 31.12.2016 годна во земјава имало вкупно 71.519 активни деловни тоа значи дека во периодот јануари-септември 2017 година биле блокирани сметките на безмалку половина од вкупниот број активни фирми во Македонија.

Министерството за труд и социјална политика и Комората на извршителите минатата недела потпишаа меморандум со кој извршителите се обврзуваат да не ги блокираат сметките на примателите на социјална помош.

Извршителите ќе имаат пристап до посебен електронски регистар, така што веднаш ќе имаат увид дека станува збор за луѓе од ранлива категорија.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This