Над 20 000 приговори за начинот на распределба на домашната платежна картичка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пристигнати се над 20.000 мејлови, но само дел од нив се со приговори на студенти кои не се нашле на листата на корисници на домашната платенна картичка kupuvajdomasno.gov.mk – изјави денеска министерката за финансии Нина Ангеловска.

Навистина се пристигнати голем број на меилови, но не се сите приговори, туку има и многу прашања од корисници како ќе можат да ги трошат средствата. Генералниот секретаријат има формирано тим од луѓе кои ги категоризираат согласно природата на пораката која е стигната. Има граѓани кои добиле картичка а сега прашуваат како да ја активираат, како може да ги трошат средствата. Има граѓани кои што имаат поднесено конкретни барања дека ги нема во листите, но се уште не е завршена категоризацијата за да може да кажеме дека на пример има 5.000 граѓани кои ги нема на листата и достваиле доказ – одговори Ангеловска на новинарско прашање и додаде дека транспарентно ќе информираат за какви било било дополнителни корекции за бројот на приговорите и за прифатените приговори.
Лицата кои ги нема на листата kupuvajdomasno.gov.mk, приговорот преку меил го праќаат до надлежната институција, која треба да ја изврши проверката и да ја потврди.

Приговорите се поднесуваат на веб страницата за мерката ако лицето кога ќе го впише матичниот број и не го има во листата му излегува точно напатствие за тоа. Доколку смета дека е во една од трите одредени групи да се обрати со меил адреса со наведување за што се работи, име и презиме и доказ дека треба да влезе во една од трите групи. Податоците на листите се дел од УЈП, дел од Агенцихата за вработување, од МТСП и дел од МОН добиени преку универзитетите и средните училишта, а дел од ФЗОМ во однос на групата на лекарите кои добиваат награда преку оваа картичка од 40 отсто од основната нето плата – изјави Ангеловска.
Таа нагласи дека оваа домашна платежна картичка е обемен проект кој прв пат воведува транспарентни и јасни начини за имплементација согласно на базите со кои располагаат институциите. Сепак, вели, имаме значаен простор за подобрување на квалитетот на дата базите на институциите.

За студентите, податоците – име и презиме и матичен бриј, ги доставува МОН кое ги прибавува за студентите од универзитетите и за средношколците од системот за електронската евиденција за средношколци. Се прави дополнително проверка на сите бази од институциите односно во МОН, и доколку постои неажурност во податоците кои тие ги имаат доставено, дјството може да се корегира. Ако гледаме реално нормално е дека при волкави бази на податоци треба да се направат корекции и затоа беше воспостгваена нова меил адреса. Ова ќе придонесе понатаму за подобрување на дата базите на сите институции со кои што располагаат се со цел подобро и полесно да се импелементираат какви било мерки во иднина.Затоа и споменав дека тоа е начин на дебирократизација до некаде без да ги тераме корисниците и граѓаните да одат по шалтери – изјави Ангеловска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This