Назначен нов в.д. директор на велешкиот Центар за јавно здравје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Суб специјалистот по кардиологија др Весна Николовска Неделкова и портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес од понеделник 14 декември ќе биде в.д директор на велешкиот Центар за јавно здравје. Неа ја назначил вчера министерот за здравство Венко Филипче кога ја разрешил досегашната в.д директорка Анастасија Иванова специјалист по микробиологија и паразитологија.

Како што дознава Дума.мк, др. Иванова, е разрешена поради нарушува на меѓучовечките односи и угледот на институцијата.

Др.Николовска Неделкова е специјалист по интерна медицина од 2013 година и суб специјалист по кардиологија од 2018 година. Таа во изминативе 15 години беше лекар на тимот на Одделението за интерни болести во велешка болница. Претходно, пред специјализациите др. Николовска Неделкова беше лекар по општа пракса и три години работеше како матичен лекар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This