НАМЕСТО ДА ВЛЕВА СИГУРHOCТ- ПРОГНОЗИРА CMPT: Филипче прогнозира пораст на бројот на cмpтни случаи од Koвид-9

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пандемијата во светот не стивнува, напротив бројката постојано расте, вирусот не заобиколи ниту една земја, не ја заобиколи ниту нашата. Нешто повеќе од еден месец кога првпат беше регистриран првиот позитивен случај во нашата земја и од тогаш до денес бројката на потврдени слуачи секојдневно расте, вели министерот Филипче.

Добро е што бројот на случаи се зголемува линеарно, а не експоненцијално, што значи дека секој ден имаме приближно еднакво зголемување, што се уште му дава шанса на нашиот систем за одржливост и можност соодветно ги прими и амортизира сите пациенти без притоа да бидат пренатрупани нашите капацитети, додаде Филипче.
Нагласи дека сепак се уште сме во една форма на војна против Ковид-19 и декапред нас е најтешкиот период во кој се очекува бројот на заболени да расте.

-Ни претстои за жал и период во кој ќе расте и бројот на починати. За ова сите мораме да бидеме свесни. Денеска имаме и еден млад човек кој што почина. Ова е доказ дека вирусот не штеди никој, никој не е имун, ниту заштитен од него. Стануваше збор за најтешката можна форма на клиничка манифестација на оваа болест, рече министерот за здравство.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This