НАМЕСТО ОСТАВКА НА ФИЛИПЧЕ: Kaзни за лекарите поради вакцините со изминат рок!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По подолг изминат рок од аферата со вакцините МРП за кои постои сомнеж дека се со истечен рок, вчера од неофицијални извори дознаваме дека МВР побарало од самото Мнистерство за здравство документација за истрагата што ја отвори Обвинитeлcтвото околу вакцините на кои имаше декларации со истечен рок.

Сè уште јавноста не е запознаена за кои документи било заинтересирано МВР и дали навистина имало пропусти во текот на постапката за снабдување на вакцините против мали сипаници, морбили.

Од Обвинителството тврдат дека до нив сè уште нема пристигнато извештај од МВР за вакцините. Но во зависност од извештајот, се очекува да се изречат казни за лекарите на здравствените установи кои на децата им ставале од овие вакцини.

Освен за ова, јавноста сè уште не знае ниту дали вакцините со погрешно залепени декларации ќе бидат уништени, бидејќи во меѓувреме имаше најава од Агенцијата за лекови најави дека тоа се планира за четврток во скопската депонија Дрисла, но од Обвинитeлcтвото пред неколку дена соопштија дека вакцините ќе останат во просториите на „Македонијалек“ до завршување на истрагата.

Има многу прашања на кои јавноста бара одговори. Но наместо одговор за контроверзните вакцини, граѓаните, а особено родителите, добиваат само уште повеќе прашања и дилеми на кои надлежните, очигледно, немаат намера да дадат одговор.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This