Наместо права пожарникарите добија закани

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пожарникарите од Тетово продолжија со протестите. Бараат да им се исплати додатокот на плата за работа преку викенд, за празници и за ноќна смена. На денешниот протест присуствуваше и Горан Ристовски од Синдикатот на пожарникари на Македонија, кој го поддржа протестот и изјави дека општина Тетово има законска обврска да им ги исплати додатоците. Според Ристовски само општина Тетово не го решила овој проблем, а доколку не прифатат дијалог, следниот протест ќе се одржи пред општината.

Еден од пожарникарите од Тетово, рече дека општина Тетово или не знае или не сака да го реши овој проблем, а според него, неговите колеги добиле закани за отказ бидејќи учествуваат на протестот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This