Миноски: Партијата на власт сака да создаде генерација која ќе нема чувство на македонска припадност

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Проф. Д-р Михајло Миноски во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ зборуваше за тоа што го понуди Царовска каде историјата ќе стане дел од неколку науки и посочи дека со ова власта сака да создаде една генерација која ќе го нема она чувство на македонска припадност.

За основно образование ми се чини дека е најнесоодветен термин дека треба историјата да влезе во оние науки за ученици од основно образование.Второто е само условно кажано замаглување на главниот проблем. Tоа значи една опасна тенденција по мене не само да се маргинализира и практично да се исклучи историското образование кај децата од најраната возраст тогаш кога се формира чувството кога се запознаваат со својата татковина, со минато на својот народ, со специфичностите на елементарните познавања и во тој случај треба тоа да се лиши едноставно децата да еден цел период во животот кога се формираат нивните основни сознанија да се лишат еленементарно, она што е образование кое е идентитетско, не само стручно. Затоа што македонскта историја и македонскиот јазик се идентитетот на државата и на нацијата, па според тоа задира во коренот на она што е идентитетско кај македонскиот народ. И во крајна линија се делигитимира државата како еден државотворен народ затоа со оваа тенденција се сака да се создаде едно чувство кај новите генерации кои ќе го немаат она чувство македонска припадност кон народот, кон нацијата туку само така како што ќе ја формулира партијата на власт, рече Миноски во своето гостување.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This