Наместо СДСМ, со државата ќе управува ДУИ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Наместо СДСМ, актуелната владеачка партија која освои мнозинство од гласовите на парламенталните избори, со државата, по се изгледа, ќе раководи ДУИ, која освен тоа што доби шест министерски места, ќе добие и пет заменици, сите во клучни министерства од витално значење за функционирање на државата. СДСМ, пак, ќе добие тројца заменици и тоа во Мин.Финансии, во министерството за администрација и во министерството за земјоделие.

Оние што, како што изјави Заев, не вредат ни пет пари, сега ќе управуваат со земјата.

ДПА ќе има 1 заменик и тоа во МНР, додека партијата ДОМ добива заменик на министерот во Животна средина. БЕСА ќе номинира двајца заменици и тоа во еден министерството за образование и еден во министерството за култура. Демократската партија на турците добива еден заменик во министерството за политички систем, а ДС на Павле Трајанов ќе има заменик министер во локална самоуправа.

Партијата на Амди Бајрам ќе има заменик министер во труд и социјала, а на НСДП, партијата на Тито Петковски, ќе и припадне заменичкото место во министерството за економија. Петте заменици министри од ДУИ ќе бидат предложени во ресорите МВР, правда, здравство, транспорт и во министерството за одбрана.

Преговорите за заменици министри сѐ уште не се затворени во рамките на коалицијата на СДСМ, па затоа можни се и одредени рокади до петок, кога се очекува предлозите да бидат доставени до Собранието за избор на замениците.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This