НАПАДНАТА АКТИВИСТКА НА „ЛЕВИЦА“: Активиси на владејачката партија ја нападнале бидејќи држела анти-НАТО транспарент, полицијата одбила да состави записник

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На вечерашната владина прослава во Скопје, по повод наводната покана за членство во НАТО, активистка на Левица беше физички нападната од двајца непознати машки особи, најверојатно членови на една владејачка партија, објавија вечерва од партијата.

Од Левица велат дека активистрката за со други нивни антимилитаристички активисти, држела транспарент на кој пишува: „НАТО = Војни, Крв, Солзи, Смрт“.

Но, симптоматично е тоа што најблискиот полицаец од присутните униформирани екипи, кои го обезбедуваа настанот во Градскиот парк, ОДБИ да состави записник за инцидентот, и покрај уредната пријава на девојката!? – додаваат од Левица
По ова, таа – заедно со адвокат – се упатени кон полициската станица „Беко“, каде случајот ќе биде пријавен.

Ова се случува само ден по одлуката на Уставниот суд на РМ во која беше утврдена политичка дискриминација врз наши членови и попречување на слободата на јавно изразување, пишува во сооптшението на Левица.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This