НАПРАВИЈА ДВЕ ГОЛЕМИ ГРЕШКИ: Власта овозможи ширење на вирусот со пропусти со контролата на границите, и пропусти во однос на верските празници

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Професор Доктор Никола Пановски, микробиолог, вечерва во „Топ тема“ во Телма телевизија, истакна дека властите во справување со коронавирусот направиле две крупни грешки, пропусти со контролата на границите, и пропусти во однос на верските празници.

-Во врска со целокупната состојба со коронавирусот во земјава се направени две крупни грешки, на почетокот ситуацијата со контролата на аеродромите и граничните премини, иако имаше време не беше ригорозно иако требаше, првиот бран беше од луѓето кои доаѓаа од западна Европа. И вториот бран со верските празници со кои се дозволи поголемо ширење на вирусот. Да не се направеа овие пропусти ќе бевме како Албанија и Косово, да не зборам за регионот каде сме далеку и неможе да се споредиме со европските држави кои добро се справија со состојбата, вели доктор Пановски.

Пановски вели дека бројката е зголемена за пет пати, а кога се гледаше дека расте бројот им се дозволи на луѓето да се движат каде сакаат.

-Жариштата се знаеја требаше да се затворат, затоа што кога имате пожар го локализирате, не му додавате дрва, со разлабувањето на мерките тоа е како на пожарот да му пуштаме ветер или да го раздувуваме, истакна доктор пановски. Пановски рече исто така дека мерките кои претходно се донесоа на 30 случаи имавме полициски час од 13 часот, за разлика од сега кога имаме далеку поголем број случаи, а разлабавени мерки. Можеби предходно имаше помалку заболени затоа што поселективно се тестираше, посочи Пановски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This