НАРЕДНА СРЕДБА ВО ОКТОМВРИ: Нема договор за Гоце Делчев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Седмата по ред средба на мешовитата бугарско-македонска комисија за историските прашања завршии без особен напредок, но двете страни изразуваат оптимизам дека овие несогласувања можат да бидат надминати, пренесе МКД.

Професорот Ангел Димитров, копретседавач на комисијата од бугарска страна, разговорите во Софија ги опиша како многу интензивни и полни со емоции.

– Имаме многу длабоки разлики во толкувањата од минатото и, пред сè, на начинот на кој сакаме да ги решиме контроверзните прашања и да го минимизираме она што нè спречува да ги земеме најпозитивните нешта од минатото – рече професорот Димитров.

Според најавите, на оваа средба требаше да се зборува за Гоце Делчев и да се најде формула дали е тој Македонец или Бугарин, но има на маса и други спорни прашања, како и чувствителни теми за двата соседни народи.

Наредната средба е закажана за во октомври.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This