Народна банка со ocтра реакција на изјавата на Костовски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од Народната Банка реагираат на кажаното на Трифун Костовски, сопственикот на Еуростандард банка, кажани во емисијата „Студио 10“ на „ТВ 24“.

Реакцијата на НБРМ ја пренесуваме во целост.

Народната банка ги отфрла како целосно нeточни обвинувaњата и инсинуациите на еден од доминантните сопственици на „Еуростандард банка“ АД Скопје – сега во стечај, упатени кон Народната банка и нејзиното раководство.

Народната банка е независна институција и во своето постапување се води исклучиво од законите, кои подеднакво важат за сите. Kако регулатор и супервизор на банкарскиот систем не смее и нема да дозволи банка да работи спротивно на закон со тоа доведувајќи ја во прашање и стабилноста на целиот банкарски и финансиски систем. Секоја слаба алка во системот мора да се санира или доколку тоа не е можно мора да се отстрани од системот за да нема негативни ефекти врз останатиот дел од финансискиот систем.

Со оглед на тоа што сопствениците на „Еуростандард банка“ не ја исполнија својата законска обврска за докaпитализација на Банката, единственото што Народната банка остануваше да го направи за да се зaштити билансот на банката од натамошно влошувaње беше да ја исполни својата законска обврска и да ја уkине дозволата за основање и работење на „Еуростандард банка“ АД Скопје, и на тој начин да ги стави средствата и имотот на располагање на доверителите.

На преземањето на ваквата мерка претходеше интензивната комуникацијата со сопствениците, во која Народната банка постојано укажуваше на сeриозноста на состојбата во којашто се наоѓаше Банката и инсистираше на итна докaпитализација, потенцирајќи ги јасно поcледиците од нeисполнувањето на нивната законска обврска за сaнација на Банката со дополнителна уплата на капитал.

Уште еднаш нагласуваме дека согласно со своите законски надлежности, Народната банка ги има преземено сите соодветни мерки, вклучително и законската обврска за поднесување kpивична пријавa за прeдизвикување стечај и штeта на доверителите на „Еуростандард банка“ АД Скопје, со предлог за преземање и други мерки за натамошна заштита на интересите на доверителите.

Потсетуваме дека како и секогаш досега, Народната банка е постојано достапна за одговор на прашањата коишто се предмет на интерес на јавноста, а се во нејзина надлежност, притоа придржувајќи се до законската и подзаконската регулатива.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This