April 28, 2024, 12:39 am

Народна банка: 11 peшeниja зa „Еуростандард“ зa двe гoдини

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Само во последните две години беа донесени 11 решенија со голем број дополнителни супервизорски мерки кон „Еуростандард“, се вели во реакцијата на Народна банка на критиката од страна на здружението на штедачи на оваа деловна банка која падна во стечај по одземената лиценца.

Претходно и нејзиниот сопственик Трифун Костовски изјавуваше дека зад стечајот можно е да се кријат задни намери, а и политичката опозиција во Собранието бара надзорна расправа за тоа каде завршиле милионски суми пари, кои сега не можат да се наплатат и да се обештетат штедачите чии пари останаа заглвени во банката.

„За сите наоди од спроведените контроли и изречените супервизорски мерки во целиот период детално беа запознаени Управниот одбор и Надзорниот одбор на „Еуростандард банка“. Сите изречени мерки беа со цел заштита на нејзиниот биланс. Штитејќи го нејзиниот биланс се штитеа сите депоненти и воопшто сите доверители.

За сите констатирани индиции за неправилности во работењето на „Еуростандард банка“, коишто се во надлежност на други институции, Народната банка навремено има доставено соодветни известувања“, гласи реакцијата на НБРСМ.

Од централната банка како регулатор потсетуваат дека од нивна страна е поднесена и кривична пријава до Јавното обвинителство, против поранешни одговорни лица во „Еуростандард банка“ АД Скопје.

„Инаку, одлуките за издавање кредити, секоја деловна банка ги носи самостојно и одговорноста за нив е на банката, односно на одговорните лица во банката. Oвие одлуки не подлежат на одлучување и одобрување од Народната банка, односно супервизорот. Во рамки на контролата, супервизорот потоа, откако кредитите веќе се одобрени, врши оценка на ризикот преземен од банката, дали банката соодветно го прикажува преземениот ризик и како управува со овој ризик

Согласно со законската регулатива, одлуките за одобрување поголеми кредитни изложености на банката се носат од страна на Надзорниот одбор на банката, во кој секако има претставници на нејзините сопственици. Доколку со одобрени кредити, банката презела поголем ризик, тој мора соодветно да е покриен со повисоко ниво на капитал“, додаваат од таму.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This