„НАСТАВНИЧКИОТ ПЛЕНУМ ПАК СЕ АКТИВИРАШЕ: Голем дел од наставниците се нeзaдоволни од одлуката за кратење на платите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Соочени со апсурдниот феномен кратење на т.н. додатоци на плата за месеците април и мај напоменуваме дека по донесувањето на уредбата за организирање настава во вонредни услови (почнувајќи од 23 март годинава) ние наставниците бевме принудени како знаеме и умееме со техника и технички можности со кои самите располагаме, претежно со сопствени ресурси и сопствен интернет (со кој дел од нас не располагаат) и без соодветна обука, да реализираме настава во вонредни услови.

Ако денеска при вклучување на компјутерот за да ја завршиме својата работна задача, онлине предавања,спремање на тестови,прегледување на ученичките задачи и задавање задачи и во зависност од можностите на наставниците, учениците и родителите ги користиме онлине апликациите до вчера непознати за сите нас како; ZOOM conference,Google Classroom,Webex Meet итн.,изготвување на извештаји за совет на паралелки и совет на училиште,неделни извештаи за одржување на онлине часови,водење на електронски дневник,тоа бездруго значи дека наставниците и понатаму мораат да ги извршуваат своите работни задачи.Ние не сакавме ваква ситуација и не бевме спремни за онлине настава,а ни учениците и родителите.

Најголемиот број од учениците и наставниците располагаат со застарена опрема со која тешко успеваат да го реализираат овој тип настава. Во настава во вонредни услови треба да се има предвид и тоа дека е енормно тешко да се постават објективни критериуми за оценување. Оценувањето во вонредни услови бара дополнителен напор. За жал сега на површина испливаа проблемите со кои се соочивме и ние и учениците, па сега во таков сплет на околности многу потешко можеме да ги решаваме. Огромен дел од товарот во комуникацијата во овие вонредни услови падна и на стручните служби во училиштата, одделенските раководители, родителите и учениците.
И на сета мака и импровизации во наставата со одлука на владата е предвидено скратување на “високите“ плати каде што е предвидено суспендирање на додатоците на плата во секторот образование ( минат труд,класно раководство,додаток за менторство и работи во тешки услови).
Затоа голем дел на наставниците се изјаснија дека не се задоволни од одлуката за кратење на платите во секторот образование и се неприфатливи за голем дел од вработените.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This