НАТО се спрема за koнфлиkти во вселената: Калузилата за „сите за еден, еден за сите“ се проширува и на нaпaди во вселената

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерите на НАТО денеска ќе ја прошират примената на клаузулата за колективна одговорност, односно членот 5 од основачкиот договор на НАТО „сите за еден, еден за сите“, така што членките на Алијансата ќе бидат подготвени да одговорат на вселенските напади, рече тој денес генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Проширувањето на членот 5 од договорот за основање на НАТО, кое денеска ќе биде предолжено, им овозможува на членките на алијансата да одговорат и на напади во вселената.

„Денеска, лидерите на НАТО ќе ја прошират примената на клаузулата за колективна одговорност, односно членот 5 од основачкиот договор на НАТО – ‘сите за еден, еден за сите’, така што членките на алијансата ќе бидат подготвени да одговорат на вселенските напади“, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Членот 5 од основачкиот договор на НАТО вели дека напад врз кој било од 30-те сојузници ќе се смета за напад врз сите. Досега тоа се применуваше само на повеќе традиционални воени напади на копно, море или воздух, а неодамна и во сајбер-просторот.

„На овој самит ќе ставиме до знаење дека, се разбира, секој напад врз вселенските капацитети, како што се сателити и слично, или напад од вселената, може да го активира членот 5“, рече Столтенберг неколку часа пред да претседава со самитот со американскиот претседател Џо Бајден и неговите колеги.

Речиси 2.000 сателити кружат околу Земјата, а со повеќе од половината управуваат членките на НАТО опфаќајќи речиси сè – од мобилни телефони и банкарски услуги до временски прогнози.

Воените команданти се потпираат на некои од нив за навигација, комуникација и за размена на разузнавачки информации. Во декември 2019 година лидерите на НАТО го прогласија вселенскиот простор за петти домен на операциите на алијансата по копно, море, воздух и во сајбер-просторот.

Многу земји членки се загрижени за, како што велат, сè поагресивното однесување на Кина и Русија во вселената. Околу 80 земји имаат сателити, а на тоа поле се појавуваат сѐ повеќе приватни компании.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This