НАЦЕВ: Потребно е да се обезбеди одржливо решение и консензус за вeтингoт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денес во „Клубот на Пратеници“, се одржа шестата сесија од работната група IV- Правда, слободи и безбедност (Поглавје 24) каде се дискутираше на темата „Ветингот како мерка за остварување на интегритетот на институциите“. Во присуство на домашни и меѓународни експерти, се дискутираше за важноста од воведување на мерката ветинг и тоа не само во полицијата, туку и во правосудниот систем. Главната причина за спроведување на ветингот се наведува потребата за градење на институции со интегритет и кредибилитет, кои исто така ќе уживаат доверба кај граѓаните.

Меѓу панелистите, свое обраќање имаше и професорот Александар Нацев, кој отвори неколку прашања во однос на процедурата за ветинг и во своето обраќање истакна дека е неопходно да се спроведе комплетна и комплекса анализа по која методологија ќе се изведува тој ветинг и дека пред неговото започнување е потребен консензус помеѓу главните политички субјекти. Исто така, професорот Нацев потенцираше дека е од круцијално значење да се оневозможи злоупотреба на постапката за ветинг и да се искористи оваа постапка за политички пресметки и елиминација на неистомислениците. За таа цел, потребно е да се обезбеди одржливо решение и концепт за ветингот, кое ќе се карактеризира со кредибилитет и интегритет.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This