Најголем дневен пораст на зaрaзeни од кoрoнaвиpyc од април во Јапонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Јапонија денеска се регистрирани 623 нови случаи на коронавирус, најголемо дневно зголемување на бројот на заразени од 10 април, но нема нови смртни случаи.

Како што соопштија јапонските здравствени власти, 286 нови случаи се во Токио, со што главниот град на Јапонија бележи најголемо зголемување на бројот на заразени досега.

Во префектурите Канагава, Чиба и Саитама, како и градот Осака, е регистрирано најголемото дневно зголемување на бројот на заболени од Ковид-19, откако вонредната состојба во Јапонија беше укината на 25 мај

Во Јапонија досега од коронавирус се заразени вкупно 24.185 лица, а 988 починале.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This