April 28, 2024, 12:26 pm

HAJEЛИTHATA BOEHA ЕДИНИЦА CTABEHA ВО ИЗOЛAЦИJA: Припадник на „Boлцитe“ зapaзeн со KOBИД-19, неговите колеги во caмoизoлaциja

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дел од Единицата за специјални намени „Волци“ кои го обезбедуваат затворот во Идризово (што само по себе е несфатливо, најелитната едници на АРМ да се става под ризик и да се намалува борбената готовност на Армијата) веќе е десеткувана бидејќи кај еден од војниците е потврдено присуство на вирусот и е на лекување, а сите негови колеги се пуштени од работа и упатени во самоизолација – тврди професорот по безбедност Александар Нацев на социјалните мрежи

Логично, се поставува прашањето кој ќе го замени овој тим, и од каде ќе се повлечат единици? Моментално, освен затворот во Идризово, кој се обезбедува од „Волците“, истражниот затвор во Шуто Оризари се обезбедува од страна на припадници на „Ренџерите“, а дел од единицата „Ренџери“ е упатена и на задача за обезбедување на дел од странските амбасади во Македонија.

Справувањето со кризата влегува во својата кулминација и се чини дека претпоставуваниот „пик“ наскоро ќе се манифестира во Македонија. Освен здравствените работници, кои се на првата борбена линија и кои заслужуваат огромна почит за својата пожртвуваност и за својата храброст бидејќи недоволно опремени ја вршат својата работа (за што сведочи и големиот процент на заразени медицински лица), фронтална улога во справувањето со кризата имаат и безбедносните сили.

Јас неколку пати до сега укажував дека и тие се ранлива категорија и дека треба да се размислува во насока на нивна рационална употреба и максимална заштита, но и дека ресурсите на безбедносните сили не се бесконечни, и дека може да дојде до намалување на ресурсите, односно да има ситуација во која припадници на АРМ и Полицијата би биле исфрлени од „строј“, затоа што се или заразени или пак мораат да бидат во замоизолација затоа што биле во контакт со заразени лица. Дека ова не се само празни предупредувања, сведочи и фактот што веќе одредени единици на АРМ веќе го чувствуваат ова на своја кожа. Се поставува прашањето, дали Врховниот Командант и раководството на Министерството за одбрана имаат план и стратегија за справување со вакви ситуации или повторно ќе гледаме изјави и постапки од типот имаме/немаме ресурси и очајни ПР епизоди како кампот во Пепелиште и мобилната болница?

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This