Најмалку двајца зaгинaти и 13 paнeти во вoopyжен нaпaд во кафуле во Чикаго

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најмалку две лица се убиени, а 13 се повредени во напад со огнено оружје на една забава во американскиот град Чикаго.

По пристигнувањето на местото на инцидентот, во раните утрински часови по локално време, полицијата затекнала 13 застрелани луѓе.

Жртвите се на возраст меѓу 20 и 44 години, а некои од повредените се наоѓаат во критична состојба, соопшти полицијата.

Полициски претставник истакна дека забавата се одржувала во импровизирано кафуле-гаража на шлеп-компанија, која била пренаменета во угостителски објект.

Локалната противпожарникарска служба соопшти дека ситуацијата на терен била „многу хаотична“.

Засега не е познат мотивот за оружениот напад, а се шпекулира дека еден од гостите отворил оган откако учествувал во караница.

Осомничениот се уште не е притворен, а истрагата е во тек.

Видеото можете да го погледнете ТУКА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This