НАЈРАНО СЛЕДНОТО ЛЕТО: Датум за преговори со ЕУ нема да има годинава

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонија најверојатно нема да добие датум за почеток на преговорите за влез во Европската унија на самитот во октомври, брифираат дипломатски извори за повеќе медиуми. Ова го аргументираат со цврстиот став на Франција која по искуството со Романија и Бугарија не смета дека треба да се попушти во однос на методологијата за аминување на идните проширувања за Тирана и Скопје. Нова шанса за евентуално добивање на датум за Македонија би бил најрано следното лето, пишува РСЕ.


Дали Франција ќе остане на цврстиот став? Ова се наметнува како отворена дилема откако медиумите објавија дека канцеларката Ангела Меркел ќе се сретне со францускиот претседател Емануел Макрон. Ќе успее ли Берлин да го убеди Париз да го смени ставот за блокирање на планираниот почеток на преговори? Германските дипломати се оптимисти.

Германската агенција ДПА нагласува дека блокадата ќе биде особено горчлива за Македонија, која се согласи на промена на името за да го откочи процесот на интегрирање во Унијата. Од друга страна пак француските дипломати порачуваат дека промената на името, спроведена преку Преспанскиот договор никогаш не била услов за почеток на преговорите со ЕУ.

Ама сето ова не го урива оптимизмот кај премиерот. Тој уште се надева на датум. Лидерот на опозицијата пак смета оти урнисаниот правосуден систем во земјата е главната пречка за претпазливоста на земјите членки кога е македонија во прашање.

И додека го чекаме датумот Бугарија секојдневно не потсетува дека нема безусловно да не остави да се движиме кон Унијата. За нив е пречка историјата, јазикот, македонскиот идентитет. За премиерот Заев тоа се политички пораки оти Софија била во предизборна кампања, а за опозицијата уште една лага на власта која го продаваше добрососедскиот договор со Бугарија како трајно решение на проблемите со источниот сосед.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This