На адреса каде е регистрирана „Беса-транс“ и уште 23 фирми во Ќустендил живее болна жена

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Уште 23 македонски фирми се регистрирани на адреса во Ќустендил, каде што е регистрирана „Беса транс“ фирмата сопственик на македонскиот автобус што се изгоре на автопатот Струма.

Ова се гледа од увид во Трговскиот регистар, пренесува bTV.

На предметната адреса има станбена зграда, , а во споменатиот стан живее болна постара жена.

Таа објасни дека пред повеќе од 10 години нејзиниот син работел во оваа компанија. Меѓутоа, оттогаш тој немал никаква врска со неа.

Потсетуваме, претходно стана јасно дека македонската полиција ја опколила канцеларијата на фирмата „Беса транс“ во Скопје. Но, канцеларијата се уште е затворена и се очекува да пристигне нивниот претставник.

Компанијата постои од 2011 година, а од 2019 година единствен сопственик на нејзиниот капитал е 30-годишниот А.З. – македонски државјанин со албанско потекло.

Компанијата редовно организира патувања во Турција. Иако официјално е регистрирана во Ќустендил, компанијата има канцеларии во Скопје и неколку градови во РС Македонија. Њуз.бг

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This