На врвот ЕСМ: 10-те најголеми државни загyбapи должат 50 милиони евра

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со загуба од 1.033.100.724 денари (околу 16,8 милиони евра), направена во 2020 година, државната компанија која го раководи домашното производство на струја – Електростопанство на Македонија (ЕСМ) е најголемиот загубар меѓу државните компании и јавните претпријатија. Порталот Pari.com.mk во соработка со БизнисМрежа.мк ја анализираше профитабилноста на компаниите од државниот сектор, а податоците се запрепастувачки – долга листа на загубари и тоа од најсуштествените дејности – енергетика, транспорт, навигација, национална шума, паркинизи…

Само првите 5 најголеми загубари од државниот сектор– енергетските компании за производство на струја и за високонапонската мрежа ЕСМ и МЕПСО, потоа двете компании од железничкиот сообраќај Железница – Инфраструктура и Железница – Транспорт и АД за услуги во воздухопловна навигација М-НАВ направиле вкупна загуба од 47,8 милиони евра.

Она што е опасно за загубите на компаниите од државниот и од јавниот сектор што тие директно преку цената, или индиректно преку услугите, удираат по грбот на народот.

Државната компанија ЕСМ е рекордер не само по загубите, туку и по бројот на вработени, по направените приходи, но и по направените расходи. Компанијата има дури 4.802 вработени, а во 2020 година реализирала приход од 12.015.429.364 денари (околу 195,4 милиони евра) и расход од 13.048.530.088 денари (околу 212,2 милиони евра). Финасиските резултати на ЕСМ ги засегаат сите граѓани. Според законската регулатива, ЕСМ има обврска да задоволи 70 отсто од потребите со струја на универзалниот снабдувач „ЕВН хоум“ преку кој сега се снабдува населението со електрична енергија. ЕСМ својата цена за мегават-час електрична енергија ја соопштува на тендер. Од тоа каква бројка ќе каже во најголем дел зависи крајната цена на електричната енергија. Одлука за нова цена на струја ќе има на крајот од јули, а таа ќе важи од 1 август. Деновиве, претседателот на Регулаторната комисија на енергетика Марко Бислимоски објасни дека цената на ЕСМ во актуелната цена на електрична енергија учествува со 48,8 проценти.

Застрашувачкиот минус во работењето на компанијта го наметнува прашањето: зошто е тоа така? Официјалните податоци на ЕСМ зборуват дека домашнотот производство на електрична енергија во континуитет опаѓа. Така, во 2006 година кога ЕСМ (тогашно ЕЛЕМ) се издвои како посебна компанија која управува со производството на струја од останатите енергетски делови – високонапонска мрежа и дистрибуција, се произвеле 6.195,8 гигават-часа електрична енергија, а во 2019 година (последен годишен извештај објавен од страна на компанијата) производството било 4.231,7 гигават-часа електрична енергија. Намалувањето на производството, според познавачите на енергетскиот сектор, е резултатат на намалувањето на количините, но и на квалитетот на лигнитот за термоелктраните и на ремонтите во РЕК „Битола“ која произведува околу 75 отсто од домашната струја. Тоа намалување пак, директно влијае врз приходната страна на компанијата. На расходната страна влијаат сите трошоци чија оправданост често се става под знак прашалник. На пример, често се зборува за тоа дека енергетските компании се превработени. Податоците на ЕСМ зборуваат дека во 2007 година, компанијата имала 3.910 вработени, или 910 вработени помалку отколку што имала во 2020 година. Сите овие податоци на крај резултираат со прикажаната загуба.

Извор: Пари.мк

Latest News

Nhà Cái FABET – Một Điểm Đến Uy Tín Cho Cá Cược Bóng Đá

Cá cược bóng đá ngày càng trở nên phổ biến trên toàn thế giới, và việc chọn một nhà...

More Articles Like This