На дeнeшен ден poдeн e Никола Киров Мајски, aвтop бил нa Kpyшeвскиот манифecт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во 1880 година на 28 јуни во Крушево е роден Никола Киров Мајски, македонски револуционер и писател. Автор бил на Крушевскиот манифест. Потекнувал од семејство со револуционерни традиции од охридското село Свиништа.

Во 1902 година заминал на учителска должност во леринското село Баница.

Следната година се вратил во Крушево каде го затекнало Илинденското востание во кое братучед му Никола Карев ќе стане претседател на Крушевската република, а тој ќе го состави познатиот Крушевски манифест.

Никола Киров Мајски починал во Софија, во длабока старост, токму на денот на Илинден, 2 август 1962 година. Историски трудови: „Со поглед кон Македонија“, „Епопејата на Крушево“ и други.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This