На Европа и се зakaнуваат пoплaви,глaд и нови eпидeмии

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Драматично предупредување на стручњаците – овие подрачја ќе бидат најмногу погодени.

На Европа и се закануваат суши, поплави и нови епидемии. Северниот дел на Европа ќе се бори со поплави и пожари, а на југот ќе пустошат суши“, се заклучоци од истражувањата на повеќе од 100 научни трудови, пренесува бриселки Политико.

“Климатски модели, спрема последните извештаи покажуваат дека на Европа навистина и се заканува природен екстремизам. Тоа значи дека сушата ќе биде уште полоша отколку во минатото, или ако паѓа дожд, тогаш ќе паѓа многу поитензивно, како што сме и сега сведоци. Ако топлотниот бран, кој беше во Белград и на Балканот нула и еден, сега ќе биде три“, навел Слободан Бубњевиќ, физичар и новинар кој ја следи науката.

Спрема неговите зборови, ние сме навикнале реките да се зголемат до извесно ниво и инфраструктурата е прилагодувана по тоа, но сега тоа повеќе не важи и Европа станува помалку “гостопримлива“.

“Меѓутоа, тоа е потполно неспоредливо со она што можат да очекуваат жителите на некои другови делови од светот, каде што кревање на новото на морињата целосно ќе уништи одредени локалитети и градови. Во однос на тоа, она што нас не очекува и не е така драматично“, истакнал Бубњевиќ.

Додал дека она што го научивме во време на пандемија е: ако некој град на другиот дел на планетата тоне во море, тоа без никакво сомневање ќе биде закана и за нашите животи.

“Светот е глобално поврзан и една катастрофа нема да биде изолирана, таа секако ќе влијае и на нашите животи“, заклучил Бубњевиќ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This