На инфeктивнитe oддeлeниja вo зeмjaвa ce лekyвaaт 826 пaциeнти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 826 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот. По извештаите на болниците, кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 74 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 56 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 43 пациенти, во Велес се лекуваат 70 болни, а во Куманово 106 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 105 пациенти, во Прилеп 116, во ковид центарот во Гостивар 47, а во Струга 31 заболен. Во болницата во Струмица хоспитализиран е 91 пацинет, во Кочани 21, во Кичево 18, во Кавадарци 39, а во Гевгелија 9 лица позитивни на коронавирусот. 

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 1.285 и има околку 120 празни болнички кревети во ковид центрите. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти, со што ќе се ослободат дополнителни легла. 

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. И покрај големиот наплив на пациенти во изминативе десетина дена, Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This