НА КОГО САКА ИЗРАЕЛ ДА ОБЈАВИ ВОЈНА: Нетанјаху доби одобрување самостојно да објави војна без да бара одобрение од никого

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Израелскиот парламент Кнесет му даде овластување на премиерот Бенјамин Нетанјаху да објави војна или да наложи воена операција во консултација само со министерот за одбрана, без потреба за гласање на кабинетот во полн состав, како што предвидуваше законот претходно

Тоа денес го пренесува весникот „Тајмс оф Израел“, оценувајќи дека овој потег е „изненадувачки и потенцијална далекусежна победа“ на премиерот Нетанјаху.

За предлог законот гласаа околу 62 членови на Кнасетот, наспроти 41 опозициски пратеници кои се спротивставиле на истиот, тврдејќи дека со тој закон на премиерот практично му се овозможува да владее практично со одврзани раце, нез никаков надзор, наведува израелскиот весник.

Според новиот закон, „во екстремни околности“, премиерот и министерот за одбрана можат сами да одобрат воена операција и за таа одлука нема да биде потребно гласање на министрите во владата.

Законот не прецизира точно кои се тоа „екстремни услови“, ниту како да се утврдат таквите околности, туку само наведува дека новото овластување ќе биде применето „во случај на итна потреба“.

Предлогот, за кој Нетанјаху се залага уште од минатата година, претходно во текот на вчерашниот ден го одбија членовите на два комитети на Кнасетот – Комитетот за право и правосудство и Комитетот за надворешни работи и одбрана.

Меѓутоа, тој предлог повторно го поднесе член на најголемата партија на десницата Ликуд и претседавачот со Комитетот за надворешни работи и одбрана Ави Дихтер, за време на второто и третото читање на пошироките предлог амандмани, а предлогот е изгласан како дел од поширок закон.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This