НА КОЈ МУ ГOPИ ПОД НОЗЕ: Димовски за посетата на Заев на Собранието, нема да ме чуди и пола Влада да се нацрта тука за Законот за ЈО

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зоран Заев околу 5 часот замина од Собранието на Република Македонија преку главниот влез, иако остана непознато во кое својство беше тој во Собранието и дали воопшто имаше право тоа да го стори. Екипата на Инфомакс која во живо ги следи настаните во Собранието токму за посетата на Заев му постави прашање на пратеникот Илија Димовски кој одржа прес конференција во Собранието.

-Јас не сум изненаден  и пола Влада да се искцра тука и пак да брка пратеници по ходниците. Не знам во кое својство бил тука, не знам што работел тука слушам дека и други министри се денес тука низ Собранието. Какви средби имаат, какви контакти имаат не можам да коментирам. Пак ќе кажам за нас најнесфатливо во целата работа е како тоа носиме закон по скратена постапка со одложна примена. Зошто е по скратена постапка ако примената е по три месеци. Зошто сега се носи законот, зошто експерти да не го напишат законот па да го донесеме по 4 ипол месеци и да стапи на сила веднаш. Нема логика освен логиката дека на некој нешто многу му гори под нозете, одговори тој.

 

https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/833540793779925/

Latest News

Nhà Cái FABET – Một Điểm Đến Uy Tín Cho Cá Cược Bóng Đá

Cá cược bóng đá ngày càng trở nên phổ biến trên toàn thế giới, và việc chọn một nhà...

More Articles Like This