На лaгата ѝ се кратки нозете: Сѐ што сега под тепих ставате, за кратко ќе излезе на видело

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нашиот народ вели: “Врвката се кине таму каде што е најтенка”., пишува на фејсбук Гордана Димитриеска Кочоска.

Два дена слушам како без нималку срам Владата се фали дека пораснала просечната плата во Македонија. А не сретнав ниту еден граѓанин којшто ми кажа дека платата му е зголемена.

Да ја погледнеме вистината директно, а не преку празни приказни.

1.Владата прави погрешна интерпретација на податоците за раст на нето-плата и лажен оптимизам во вакви услови, ова е сосема неодговорно – не е исправно и фер кон граѓаните –да не се согледа ситуацијата реално.

2. Податоците треба да служат за реално креирање на политики, а не за ставање на проблемите под тепих.

3. Растот на платите на годишна основа и од почетокот на кризата наваму, јасно го отсликува трендот на намалување на вработеноста, односно на губењето на работни места кои се пониско платени. Е таму почитувани, врвката е најтенка. Оние кои и претходно живееја на раб на сиромаштија сега не можат ни леб да си купат.

4. Воедно, во пресметката на просечна плата не влегуваат неисплатени плати на вработените. Само до средината на декември за ноември немаа земено плата над 49.000 лица, а над 50.000 се отпуштени од работа.

5. Пресметката се базира само на исплатени плати на вработени и укажува на задржување на работни места кај повисоко платените работи. А овие 100.000 без плата во декември никој не ги гледа ниту пак ги зема во било каква пресметка.

6. Затоа расте просекот на ниво на државата.

7. Податоците јасно покажуваат на негативни трендови кај вработеноста.
И економскиот тим во Владата ги има истите податоци со кои и јас располагам, само за жал ги презентира на начин кој што ним им одговара.

Ќе завршам како што почнав, со една народна: “На лагата ѝ се кратки нозете”.

Сѐ што сега под тепих ставате, за кратко ќе излезе на видело.

Фејсбук статус на Гордана Димитриеска Кочоска од ВМРО-ДПМНЕ.

Нашиот народ вели: "Врвката се кине таму каде што е најтенка". Два дена слушам како без нималку срам Владата се фали…

Posted by Гордана Димитриеска-Кочоска on Thursday, December 24, 2020

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This