ПРОЛЕТНА ЧИСТКА: На најмалку тројца министри од СДСМ им се нишаат фотелјите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тројца до четворица министри на СДСМ би можеле да бидат опфатени со пролетното „прочистување“ на владата, кое премиерот и партиски лидер Зоран Заев им го потврдил на своите сопартијци на прексиноќешната седница на централниот одбор. Заев, според информациите, не открил кои се кадрите што може да бидат реконструирани ниту кои ресори се сметаат за критични, туку само ги опоменал функционерите дека ќе се оценува нивното работење и дека ако нема резултати и поправање, може да бидат сменети. Тој најавил исто така дека не планира да оди на парламентарни избори пред 2020 година, што би значело во редовниот термин, така што, во меѓувреме, како што се оценува, мора да обезбеди стабилно мнозинство во законодавниот дом.

Според проценки на партиски извори, разнишани им се позициите во владиниот кабинет на министрите за финансии и за култура Драган Тевдовски и Роберт Алаѓозовски, а се споменува и министерот без ресор Роберт Поповски. Сепак, ваквите информации се моментно на ниво на шпекулации, при што како можна кандидатка, ама за прераспределување на друга функција, се спомнува и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска. Наводно, раководството на СДСМ нема поголеми забелешки за ангажманот на Царовска, ама нејзиниот ресор би можел да биде понуден на некој од коалициските партнери во Владата, односно на ДУИ или на некоја од новите партии во коалицијата. Друг ресор што би можел да биде предмет на „размена“ е Министерството за образование, доколку се постигне договор со ДУИ да го отстапи Министерството за правда, каде што веќе поднесе оставка Билен Саљији. Како што неофицијално се најавува, доколку ДУИ отстапи од „правда“, таму би ротирала министерката за образование Рената Тренеска-Дескоска, која е универзитетска професорка по право, а „интегративците“ би можеле да избираат меѓу нејзиниот ресор и „труд и социјала“.

Според проценките, најголем рез се очекува во третиот ешалон на власта, каде што е можна смена на барем дваесетина директори, при што не се исклучува можност промените да стигнат и до генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски. Од друга страна, како сигурни се посочуваат министрите во ресорите задолжени за реформите и за интеграцискиот процес, како одбраната, МВР,надворешната политика, Секретаријатот за европски прашања .

Заев, според партиски извори, не појаснил прексиноќа пред ЦО кои партии би можеле да станат нови партнери во Владата, туку само посочил дека ќе се интензивираат разговорите за проширување на парламентарното мнозинство. Од тој аспект засега нема потврда за информациите во јавноста дека кон владејачкиот табор би можела да се приклучи Социјалистичката партија на Љубисав Иванов Ѕинго, која важеше за најлојален партнер на ВМРО-ДПМНЕ. Сепак, неофицијалните информации се дека ваква можност се разгледувала во најтесниот круг на соработници на Заев, при што како предност се посочува тоа што СПМ располага со три пратенички гласа. Од друга страна, проблематично е тоа што еден од пратениците на СПМ, Љупчо Димовски, е осомничен за настаните во парламентот на 27 април минатата година. Пратеничка на СПМ е и Владанка Авировиќ, која важеше за личност од доверба на претходното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, а третиот е Стојан Миланов од Кратово.

Проширувањето на парламентарното мнозинство, всушност, е веќе почнато со кооптирање на пратеникот Чедомир Саздовски во ЦО на СДСМ, што значи и негово враќање во матичната партија, откако на последните избори во 2016 година тој влезе во парламентот како кандидат на ГРОМ, а од листата на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ. Со тоа, пратеничката група на СДСМ го доби 50. член, а не е исклучено кон мнозинството да се приклучи наскоро и вториот пратеник на ГРОМ, Панчо Минов. Се очекува исто така да се официјализира и соработката со Амди Бајрам од Сојузот на Ромите, кој ја напушти пред извесно време коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ, како и со Јусуф Хасани од Демократската партија на Турците. Не е исклучени разговори за „трансфер“ во мнозинството и со други пратеници од помалите етнички заедници кои сѐ уште се во опозиција.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This