На нeмиpитe им нeмa кpaj: Пpoнajдeни тeлa нa 13 тypcки дpжaвjaни вo пeштepa вo Ирак

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Турската војска соопшти дека во пештера во северен Ирак пронашле тела на 13 турски државјани кои биле киднапирани од курдските бунтовници. 

Министерот за одбрана Хулуси Акар денеска рече дека телата биле пронајдени за време на операција која почнала на 10 февруари против забранетата Курдска работничка партија.

Идентитетот на турските државјани не се открива, а министерот рече дека нивното киндапирање не било претходно објавено од безбедносни причини. Двајца членови на Курдската работничка партија, кои биле уапсени за време на операцијата, кажале дека турските државјани биле егзекутирани кратко пред почетокот на турската воена операција во регионот.

Акар рече дека 48 курдски милитанти биле убиени за време на операцијата. Тој исто така кажа дека двајца турски војници биле убиени, а тројца повредени за време на операцијата. Засега нема соопштение од Курдската работничка партија која ги користи базите во северен Ирак за да извршува напади врз Турција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This