НА ПОТЕГ „ОСУМТЕМИНА“ ОДМЕТНАТИ ОД ВМРО-ДПМНЕ: Канческа-Милевска најави дека нема да гласаат за промена на името, ако Заев ги прифати барањата на БЕСА!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Откако Заев ги прифати барањата на БЕСА на Билал Касами за бришење на „Македонец“ од државјанството на Република Северна Македонија, на чие место ќе стои „Албанец“ или било кој друг етникум, на потег се осумината „одметници“ од ВМРО-ДПМНЕ кои вчера најавија дека нема да гласаат доколку власта ги прифати барањата на БЕСА

 

-Не отстапуваме од она што е од договорено со Грција, односно државјанството да биде македонско/граѓанин на Република Северна Македонија. Тоа е нашиот краен став. Тоа е најголемата придобивка и јакнење на идентитетот. Со Грција се договоривме, сега ќе го распрчуваме договореното меѓу нас – велат од пратеничката група со која координира пратеничката Елизабета Канческа-Милевска, во текот на вчерашниот ден.

-Не прифаќаме никакви отстапки во имплементацијата на Договорот кои се однесуваат на државјанството и тука нема дискусија. Не прифаќаме никакви чепкања во уставниот законик во однос на преговорите, а кои би се однесувале на државјанството – рекоа од независната пратеничка група за „Фокус“.

Денес, Заев и Касами најавија дека постигнале договор во врска со државјанството формулацијата која ќе стои во исправите и документите, со што доколку си останат на зборот, осумтемина би се откажале од гласањето за промена на името.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This