НА САМО 3 ГОДИНИ, ОСВОИЛ 142 ПОЕНА НА IQ ТЕСТ: МЕНСА го доби најмладиот член во историјата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тригодишно дете стана најмлад член кој се приклучил на МЕНСА, најголемо и најстаро меѓународно друштво на луѓе со највисока интелигенција на светот.

Мухамад Хариз Надзим има малезиско потекло, а живее во Обединетото Кралство. Повикан е да се приклучи кон МЕНСА по состанокот со психолог, а постигнал 142 поена на IQ тестот Станфор-Бинет.

“Секоја чест за Хариз на повикот да ни се приклучи. Очигледно е многу паметен и ние сме пресреќни што ќе биде член на Менса”, рекол Џон Стивениџ, извршен директор на МЕНСА.

За некој да стане член на оваа организација, “мора да има IQ кој влегува во топ два процени од населението”, се наведува на нивната интернет страница.

IQ тестот кој Хариз го решавал е за постари од 10 и пол години. За деца помлади од 10 години, психологот мора да ги погледне резултатите за да ги одреди IQ поените.

“Споредено со оценката на психологот, резултатот на Хариз на Станфор-Бинет тестот одиграл голема улога во неговото прифаќање во британска МЕНСА”, изјавил портпаролот на оваа организација, Чарлс Браун.

Тестот се состои од комбинација од математика, читање, паметење и логичко размислување.

Мајката на Хариз, Нур Анира Асјакин, вели дека отсекогаш знаела дека е Хариз посебен, но и дека се однесува како сосема нормално тригодишно дете, кое сака да црта и да чита.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This