УДРИЈА ПО НАЈРАНЛИВИТЕ: Владата преку дополнителната заменик министерка Санела Шкриејљ, го опструира работењето на МТСП

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Илјадници граѓани од почетокот на годината се во мака и тешки проблеми поради несватливото однесување на СДСМ. Мислејќи дека ќе ја блокираат работата на новата министерка Рашела Мизрахи, ги оставија луѓето на милост и немилост, се вели во соопшетението на ВМРО-ДПМНЕ.

-Со поништувањето на решенијата за разрешување од должност на овие лица и именување на нови во посочените места, Владата директно се вклучува во продолжување на агонијата на илјадници граѓани, велат од партијата.

-Владата на Република Македонија, директно преку дополнителната заменик министерка Санела Шкриејљ, го опструира работењето на Министерството за труд и социјална политика. Со поништувањето на Решенијата за именување на в.д директори тие директно го опструираат и попречуваат нормалното функционирњаење на Центрите за социјални работи и нанесуваат директна штета врз најранливите категории на граѓани, обвинуват од ВМРО-ДПМНЕ.

-Имено, сите незаконски назначени в.д директори го опструираат работењето на центрите со земање на „оркестрирани боледувања“ отворени во ист ден. Нестручните и некомпетентни партиски кадри на СДСМ биле вршители на должност спротивно на тогаш важечкиот член 187 став 2 од Законот за социјална заштита и за истото ќе биде поведена постапка за злоупотреба на службена дожност против тогашната министерка Царовска. СДСМ во недостаток на стручни и компетентни кадри, именувал едни исти несоодветни в.д директори и по неколку пати иако член 187 став 1 од Законот за социјална заштита не го дозволува тоа. Министерката Царовска со цел да им овозможи функции на нестручните и партиските кадри, направила и промена на Законот за социјална заштита со цел нивно назначување.Целта на техничката Влада е да се спроведат фер и демократски избори но лицемерието на СДСМ преку опструкција на нормалното функционирање на центрите директно влијае на нарушувањето на изборниот процес, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Го повикуваме Зоран Заев да престане да ја опструира работата на Министерството, во интерес на граѓаните на Република Македонија. Ова е срамота, греота и целосно несфатливо однесување, а таквото однесување на СДСМ луѓето ќе го казнат на следните избори, се вели во партискотто соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This