НА ТИ ГО, ДАЈ МИ ГО: Град Скопје за свои потреби ја купува зградата на Технометал?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Откако Шилегов ја продаде градската куќа на ЕВН за 12,7 милиони евра, каде требаше да биде стационирана администрацијата на град Скопје, сега бара локација каде да ги смести вработените, се шпекулира дека градоначалникот, ќе ја купувал зградата на Технометал.

Од службата за односни со јавност на градоначалникот велат дека немаат коментар за оваа информација, односно не сакаат ниту да ја потврдат ниту да ја демантираат.

Оправдувањето на Шилегов зошто ја продал градската куќа која беше изградена во времето на екс градоначалникот Трајановски, токму за потребите на град Скопје, е дека зградата нема капацитет за целата градска администрација како и тоа дека е надвор од центарот на градот.

Градската куќа каде требаше да бидат сместени администратвците на град Скопје, но за Шилегов таа била мала и даелку од центарот на градот.

Медиумите пишуваат дека Шилегов ќе ја купел зградата на Технометал од Комерцијална банка каде зградата е под хипотека.

Според неофицијални информации Технометал за оваа зграда има хипотека кај Комерцијална банка од 5 милиони евра.

Кога се крена прашина за продажбата на Градската куќа, во јавноста се поставуваше прашањето дали однапред се знае кој го добие објектот, додека пак поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски го обвинува дека администрацијата на град Скопје е за 30 проценти зголемена.

Чаршијата веќе знае дека тоа ќе биде зградата на ЕВН до Порта Македонија или зградата на „Технометал Вардар“. Едната нема паркинг места, а другата има само 90 паркинг места. Ја користам приликата да го прашам г-дин. Петре Шилегов дали е тоа точно?

Доколку тоа е точно, зошто менува нова за стара зграда и уште колку милиони евра ќе ги чини Скопјани реконструкцијата на ново купената зграда за да ги вдоми до сега околу 150-те нови партиски вработувања и новите вработувања кои што следуваат следните години?

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This