На Трамп му се зakaнува cмртнa кaзнa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ирачкиот адвокат Хајан ел Кајат изјави дека потерницата, издадена од Истражниот суд на Русафа, против американскиот претседател Доналд Трамп, може да доведе до смртна казна за американскиот претседател.

Кајат за арапскиот Спутник објасни дека доколку Трамп биде прогласен за виновен за убиството на началникот на единиците за народна мобилизација, Абу Махди ал-Мохандис, според членот 406 од ирачкиот Кривичен законик, американскиот претседател може да се соочи со смртна казна.

Адвокатот рече дека истрагата продолжува со цел да се откријат други учесници во извршувањето на кривичното дело, без разлика дали се работи за Ирачани или странци.Во четвртокот, на 7 јануари, ирачки суд издаде налог за апсење на американскиот претседател во заминување Доналд Трамп, под обвинение за убиство на Мохандис и генерал Касем Сулејмани.

Генералот Сулејмани беше убиен на 3 јануари минатата година во воздушен напад извршен од американските сили во Багдад, Ирак.

Ирачките власти започнаа истрага по атентатот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This