На 138 години пoчинa најстариот жител на Иран

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Иран го загуби својот најстар жител кој, според неговите лични документи, почина на 138-годишна возраст, пренесува новинската агенција „Ирна“.

Ахмад Соуфи почина вчера во градот Сакез во провинцијата Курдистан на западот на Иран, пренесува новинската агенција „Ирна“ и додаде дека Соуфи починал од старост.

Агенцијата ги објави и неговите лични документи, според кои тој е роден на 28-ми февруари 1882-ра година, што значи дека Соуфи починал на неверојатна 138-годишна возраст.

Инаку, во Иран, курдското население е познато како прилично долговечно.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This