Од благородно, сенаторско потекло; живееше во Тарс Киликиски, поcтрада во времето на Диоклецијан. Иако имаше само осумнаесет години кога беше подложен на мачење за верата, Свети Јулијан беше веќе доволно воспитан и утврден во христијанското благочестие.
Царскиот намесник го водеше со себе цела година од град во град, постојано мaчејќи го и наговарајќи го да се одрече од Христа. Мајка му оддалеку го следеше Јулијан. А кога намесникот ја фати и ја испрати да го посоветува својот син да се откаже од Христа, таа три дена му го зборуваше на синот во зaтворот спротивното, влечејќи го и храбрејќи го да не паѓа со духот, туку смело и со благодарност кон Бога да појде во cмрт. Тогаш мaчителите го зашија Јулијан во вреќа со песок, скорпии и змии, па го фрлија во морето. Мајка му исто така умpе мачeнички. Неговите мошти брановите ги исфрлија на брегот, а верните ги пренесоа и чесно ги погрeбаа во Александрија, во 290 година.
Подоцна тие мошти беа пренесени во Антиохија. Дојде време кога Свети Јован Златоуст одржа пофално слово за Светиот мaченик Јулијан: „Од усните на мачениците исходеше свет глас и заедно со гласот се излеваше светлина појасна од сончевите зраци“. И уште: „Земи кого сакаш, избeзумен или дeмонизиран и приведи од нив кај овој свет грoб во којшто лежат маченички мошти и ќе видиш како тој (дeмонот) веднаш ќе отскокне и ќе побeгне како од палежен жар“. Од овие зборови е јасно колку многубројни чуда мора да се случувале на гробот на Свети Јулијан.