April 28, 2024, 11:03 am

НЕВЕНКА СТАМЕНКОВСКА: Власта ја крие функционалната анализа за вработените во државните институции

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во однос на одговорот што го добив од страна на министерот за МИОА, односно заменик министерот беше на минатите пратенички прашања делумно сум задоволна од одговорот. Бидејќи ја добив нецелосната функционална анализа онака како што требаше да ја добијам ама барем добив дел од функционалната анализа или според мене само првите страни, односно воведот од анализата, посочи Невенка Стаменковска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата при заседавање на седницата во Собрание на Република Македонија.

Стаменковска образложи дека според нејзе ако правите функционална анализа треба да е целосен табеларен приказ на кој начин одредени сектори или одделенија во рамки на одредени институции би ги крателе или би спојувале, или претпоставувам дека имате и интенца да некои институции воопшто да не постојат. Односно да направите спојување на некои институции.

-И во вистинска функционална анализа која што треба да се изготви претпоставувам дека ја имате таква, ама до мене е доставено само воведот од таа функционална анализа, појасни Стаменковска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This