НЕВЕРОЈАТНА ПРИКАЗНА: Прилеп имал пилоти во Втората светска вojна кои летале за британски мисии

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Британската политика во Втората светска војна во Македонија, па и во Прилеп е специфична и се дели на периоди и фази. Малку е расветлена, заедно со учесниците. Оскудни се податоците за британската политика во прилепско, иако Велика Британија í посветила внимание на Македонија заради важната географска положба и комуникациите од северозапад и север кон Солун и Средоземјето, Суецкиот канал и Блискиот исток.

Македонија била важно подрачје за префрлање на силите на север и за спречување на силите на Оската Рим- Берлин-Токио.

Британската политика спрема Македонија се изместила од лежиштето, поради брзата капитулација на Југославија и Грција. Затоа британските сили се повлекле од Крит. Во првите месеци од окупацијата во 1941 година, заради планираната инвазија на Хитлер врз земјата, Велика Британија имала слабо влијание на овие простори. Биле присутни само агентури и пропаганда преку радиостаниците Лондон и Каиро. Преку Македонија, Велика Британија создала врски со Василие Трбиќ и подоцна со неговиот син Војче Трбиќ. Историската документација сведочи дека Велика Британија во 1940 година создала посебна тајна организација со седиште во Лондон – Управа за специјални операции, чија главна задача била собирање на податоци, вршење пропаганда против фашистичките окупатори и организирање оружени акции и диверзии против важните стопански и воени објекти значајни за фашистите. За спроведувањето на акциите бил инсталиран огранок во Каиро. Тој планирал во 1942 – 43 година испраќање на мисии со авиони во разни краеви во Македонија. Раководител бил лордот Гленкокер.

Архивските податоци говорат дека во каирскиот огранок биле собрани најинтелегентните авијатичари на Македонија, меѓу кои биле и двајца признати прилепски пилоти Димитар Наумоски – Гагачот и Александар Тасески, познат во Прилеп како Цане Амбарот.

Наумоски е роден во Прилеп 1909 година во позната фамилија со антифашистичко расположение. Образованието го почнал во Прилеп. Сакал да стане авијатичар. Желбата му се остварила по завршувањето на школата за воени пилоти. После работел во тогашна Југославија. При нападот на фашистите на Југославија, Наумоски бил во групата која требало да го префрли Кралот во Каиро. Тој е еден од пилотите на кралскиот авион. Подоцна престојувал во Каиро. За тоа потврдуваат картички испраќани на својот брат. Подоцна е вклучен во Каирскиот огранок, бидејќи бил близок со генералот Боривое Мирковиќ.

Прилепскиот пилот од огранокот во Каиро добил посебна задача. Бил определен за координатор на врските со Дража Михајловиќ и Наполеон Зервас и бил спуштен ноќта на 22 – 23 јули 1942 година на планината Невесиње. Не е познато како завршила мисијата на прилепскиот пилот и дали ги постигнала планиралите цели. Наумоски требало да воспостави врски со Трбиќ во Македонија. Потоа да се сретне со Зервас. Димитрија ја предводел мисијата на британската делегација, но на пат кај Качаник, била ликвидирана. Тука загинал и овој прилепски воздухопловен капетан. Според малкуте расположливи податоци групата била ликвидирана од Дража Михајловиќ, зашто се претпоставувало дека со себе носи поголемо количество злато кое требало да му биде предадено на Трбиќ во прилепско. За Димитрија Наумоски, освен овие податоци нема други, но споменот за него го чуваат неговите блиски во Прилеп.

Според Александар Тасески, Цане Амбарот, Управата од Каиро, по пропаѓањето на мисијата на Наумоски, испратил нова група да воспостави врски со Трбиќ, кој бил во Поречието.

Придружник на мисијата бил воздухопловниот поручник Александар Тасески. Бил добар познавач на состојбите во Македонија. Го знаел добро и Трбиќ. На чело на мисијата бил главниот инжинер и директор на рудникот во Радуша пред војната Џорџ Клифорд Морган, како и радиотелеграфистот Џоџ Бакан. Мисијата била снабдена со многу пари, злато, облека. И таа не успеала и пропаднала. Не биле воспоставени врски со Трбиќ, кој од ден во ден ја губел довербата кај народот.

По двата неуспешни обиди, Британците воспотавиле контакти со Главниот штаб на НОВ и ПОМ. Врските зачестиле по капитулацијата на Италија.

Британците го меркале аеродромот во Мало Коњари со ресурси на авионски бомби и бензин. Важна била местоположбата, погодна за полетување на нивните авиони кон Блискиот исток и на север. Британците биле заинтересирани и за аеродромот во Зрзе и на Кадица, каде постоела можност за спуштање на авиони, а по пат на десант и на различен материјал. По ослободувањето на Прилеп овие цели биле постигнати.

Најголемо влијание во Прилеп од британците имал капетанот Макдоналд, кој се спуштил со авион на Пајак Планина на 3 јануари 1944 година. Тој учествувал во преговорите за размена на заробеници од Прилеп меѓу партизаните и Германците. Размената се случила во селото Сенокос.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This