НЕВЛАДИНИТЕ ЌЕ ЈА ТУЖАТ ДРЖАВАТА: Најавени тужби до власта поради енормното загадување

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Невладините ќе ја тужат државата за уништено здравје поради аерозагадувањето. Се сомневаат дека борбата со загадениот воздух е приоритет на Владата поради тоа што за нив средствата кои се определени во буџетот не се доволни.

Освен тужба, се закануваат и со граѓанска непослушност. Според нив, малата излезност на протестите против аерозагадувањето не е реален показател на јавното мислење.

Најавуваат дека ќе ги мобилизираат родителите да ги оставаат децата дома и да бојкотираат настава се додека не се најде некакво решение за справување со екстремното загадување.

„Сметаме дека можеби е дојдено време и апелираме некој адвокат кој навистина е спремен, да поднесеме една тужба до државата бидејќи животите ни ги става во прашање“

„Ова се однесува од една страна и на непочитувањето на стандардите односно на големите загадувачи коишто можеби во даден момент не ги користат филтрите коишто би требало да ги имаат односно тврдат дека ги имаат.“

Жителите се убедени дека властите не прават доволно за справување со ПМ10 честичките. Но, признаваат дека свој удел во проблемот имаат и тие. Меѓу нив има и такви го игнорираат проблемот сметајќи дека работа на државата е да го реши проблемот.

Пред неколку дена Министерството за животна средина излезе со двегодишен план за преполовување на аерозагадувањето во Скопје и во внатрешноста. Сето тоа ќе чини милион ипол евра.

Невладините потпишаа петиција за „Нула толеранција“ за аерозагадувањето. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак, побараа јавна расправа во Собранието со невладини организации .

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This