Неделава пристигнуваат 250 фингер-принт апарати за локалните избори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Целата опрема за фингер принтовите која ќе се користи за престојните локални избори ќе пристигне до 1. октомври . Првиот човек на ДИК, Александар Даштевски во краток телефонски разговор за ТВ 24 вели дека: Првата пратка од 5% тргнува од 25. или 26. август, а ќе пристигне на 31. август или 1. септември. Остатокот ќе стигнува сукцесивно секоја недела во септември, што значи дека целата опрема ќе биде во ДИК до 01.10.2021“.

Она пак што веќе е познато е дека за функционирањето на фингер-принтовите е задолжена германската компанија „Дермaлог“ со која ДИК потпиша договор вреден над 11 милиони евра. Покрај испорака на терминалите за читање отпечатоци од прсти, ќе се грижи и за системот за нивно функционирање, како и за одржување во следните четири години односно четири изборни циклуси.

Меѓудругото, вработени од компанијата „Дермалог” треба да направат технички преглед на терминалите, како и прирачници за користење што ќе ги има секој претседател и заменик претседател на избирачки одбор, вклучувајќи и нивна обука за ракување. Терминалите нема да бидат поврзани со интернет, а се гарантира и безбедноста на личните податоци на граѓаните.

Првично, постапката за набавка на апаратите за отпечаток од прст имаше во мај, но тој тендер беше поништен откако од Изборната комисија забележале грешки во спецификацијата.

ДКСК пак даде препорака надлежните институции ДЗР и Бирото за јавни набавки да ја проверат тендерската документација .

Во меѓувреме се интензивираат подготовките за локалните избори. На 21. август почна увидот во Избирачкиот список и ќе трае до 9. септември.

Рокот за заклучување на Избирачкиот список со сите промени, како од граѓаните така и од политичките партии е 24. септември, додека Избирачкиот список финално треба да биде потпишан до 1. октомври.

Минатата недела исто така почна собирањето на потписи за независни листи во подрачните оделенија и канцеларии на ДИК. А партиите почнаа да ги објавуваат своите кандидати за градоначалници кои целосно до крајот на месецот почетокот на следниот треба да бидат веќе познати.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This