НЕЗАДОВОЛСТВО ВО СДСМ: Членовите на СДСМ од Могила бараат остварување на предизборните ветувања на Заев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Имено на официјалниот фејсбук профил на општинскиот комитет на СДСМ Могила во фејсбук пост членовите на СДСМ бараат остварувања на предизборните ветувања на Заев. Конкретно бараат укинување на извршителите како што ветиле високи партиски функционери на СДСМ како и лично Заев.

 

Незадоволството на членовите на владеачката партија е очиглено, велат дека поради однесувањето на градоначалничката двете илјади гласови кои СДСМ ги доби на локалните избори се сведени само на петстотина гласа. Според нив на следните избори СДСМ во Могила катастрофално би изгубило и никогаш не би се вратило на власт. Од оштинската организација на СДСМ Могила велат дека некои одредени членови добиле многу, а останатите останале со празни раце.

Еве го изворно постот на СДСМ-Општина Могила:
-Господине Премиере како што ветивте укинете ги извршителите, да си стоите на зборот затоа што ако дојдете во Општина Могила тие 2000 гласови што ги имавме со понашањето на градоначалничката сега ќе има 500 и тие ни се многу следни избори Гулевска катастрофално ќе изгуби, и СДСМ повеќе никогаш нема да дојде на влас во историјата на Могила никогаш затоа што не заслужува. Пеце Кондовски и другата тајфа се шлепаа преку Могилската Организација и добија што добија, а сега нигде ги нема еј што велеше Владо Јовановски. Мојата Чудесна земја Македонија, Страм и резил на векот е СДСМ во Могила.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This