Незвисниот кандидат Перо Митревски најави основање фонд за стопански развој на Македонска Каменица

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

– Уредување на индустриската зона, поддршка на постоечки капацитети за ставање во функција на производствени погони, основање на фонд за стопански развој на Општина Македонска Каменица. Ова се само дел од проектите кои како дел од својата програма ги презентираше независниот кандидат за градоначалник на Македонска Каменица, Перо Митревски.
Тој потенцираше дека со програмата е предвидено директно стимулирање на сите потенцијални инвеститори за отворање нови работни места, создавање на клима за странски директни инвестиции, како и времени и трајни локации за мали бизниси и занаетчиство.
-Во делот на инфраструктура во првите две години предвидуваме изградба на патна инфраструктура до секое маало преку изградба на нови и реконструкција на постоечки асфалтни патишта во градската и сите селски средини и конечно решавање на сите проблеми поврзани со асфалтирање на патишта, нови паркинзи. Уредување на канализациони мрежи во селските и градската средина (изградба на мини пречистителни станици во селските средини и пречистителна станица во Македонска Каменица, истакна Митревски.
Во делот на подобрување на животот на младите, независниот кандидат најави изградба на мултифункционален спортско-рекреативен центар со аква парк, патека за картинг, адаптација на постоечки фудбалски терен на “помошно” со монтажни трибини и соблекувални, за тренинзи и натпревари на младински категории на ФК Каменица Саса и ЖФК Каменица Саса.
-Исто така, предвидуваме изградба на терен за кошарка, реконструкција на постоечко игралиште за мал фудбал, покривање на трибината на градскиот стадион, организирање на Манифестација “Спортист на годината”. Во делот на образованието проритет ќе биде зголемување на бројот и износот на стипендии за ученици и студенти и воведување на стипендии за спортисти, додаде Митревски.
Најави дека наскоро целата листа со проекти за сигурна иднина на Општина М.Каменица ќе биде доставена до граѓаните кои ги повика да го заокружат број 113 на гласачкото ливче и број 60 за независната Советнички листа на чело со Дарко Гоцевски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This