Неисчистени оџаци – опасност од пожар која демне во домовите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица во Кочани во текот на оваа недела имале по неколку интервенции дневно за гаснење запалени оџаци на станбени објекти.

Тие апелираат до граѓаните навремено да ги контролираат и да ги исчистат димоводните канали, за да спречат пожари и поголеми штети на нивните домови.

– Неделава имавме петнаесетина интервенции на запалени оџаци, а само минатата ноќ беа три. Притоа кај еден објект наша екипа остана дежурна до утрото поради опасноста огнот повторно да распламти и да се прошири на целиот кров. Главно се работи за објекти за домување што се поодамна изградени, кај кои оџаците поминуваат блиску до дрвената кровна конструкција. Ги потсетуваме сите граѓани кои за затоплување користат дрва, нафта или сличен огревен материјал дека е неопходно и пред сезоната, но и во текот на грејната сезона да прават проверка на исправноста на димоводите и редовно да ги чистат, истакна Благој Паунов, командир на Територијалната противпожарна единица од Кочани.

Тој додаде дека во Кочани нема регистрирана служба за чистење на оџаците, но поединци за скромен финансиски надоместок ја обезбедуваат таквата услуга.

Во текот на минатата година Противпожарната единица имала вкупно 348 излегувања на терен за гасење пожари и за технички интервенции, од кои десет отсто биле за гаснење запалени оџаци.

Latest News

Nhà Cái FABET – Một Điểm Đến Uy Tín Cho Cá Cược Bóng Đá

Cá cược bóng đá ngày càng trở nên phổ biến trên toàn thế giới, và việc chọn một nhà...

More Articles Like This