„Нека е со среќа“: Груевски најави уште четири нови инвестиции

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во контакт сме и со повеќе други компании од различни сфери со кои разговараме за нови инвестиции, посочи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на партискиот собир во Скопје. Ова покажува дека ние не се откажуваме. Политичката криза иако го забави процесот, ние продолжуваме да се бориме за секоја нова инвестиција, рече Груевски најавувајќи нови инвестиции.

-Прво, Можам да соопштам дека една западно европска компанија го извести неодамна економскиот тим дека има донесено интерна одлкука да инвестира во Македонија. Таа е компанија за производство на електрични уреди кои се употребуваат во секојдневието и преставува познат бренд.. Се очекува да отвори нови 1000 директни вработувања во град во пелагонискиот регион.

Второ, германска компанија која е добавувач на постоечки голем странски инвеститор во зона во Скопје, донесе одлука да инвестира во нов производствен погон во Македонија, нова фабрика која треба да почне да се гради и да биде готова во средината на наредната година и која ќе обезбеди стотина нови работни места.

Трето, особено радосна вест, американска компанија која се занимава со специфична индустрија одлучи да инвестира во еден помал град во централниот дел на Македонија. Во моментот се во процес на купување на земјиште, а по изградбата се планира производството да започне во втората половина на наредната година. По целосното комплетирање и заокружување на инвестицијата ќе се вработат 200 лица. Оваа инвестиција е од исклучително значење за градот во кој се планира да се реализира.

Четврто, можам да соопштам дека италијанската Технохозе по изградбата на втората фабрика оваа година, ќе започне со трета фаза, односно изградба на трета нова фабрика во Македонија, во зона во Скопје. Градбата ќе почне во наредниот месец до два. Тоа е инвестиција од дополнителни 5 милиони евра и нови над 100 работни места.

Ова се 4 нови инвестиции. Нека е со среќа- соопшти Груевски од големиот собир на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This