НЕКА НИ Е ЗА МНОГУ ГОДИНИ: Денес се празнува Св. Николај Чудотворец архиепископ Мирликиски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денеска е Св. Николај Чудотворец архиепископ Мирликиски.

Свети Никола се роди во Патара, во малоазиската област Ликија, во третиот век. Уште од малечок се одликуваше со посебна чистота на душата и предаденост на Бога. Подоцна, во зрелата возраст, посака да стане монах, но Бог самиот, во едно видение, го упати да се врати во светот и така да им случи на луѓето.

На чудесен начин беше избран за архиепископ на главниот град на Ликија, Мира.

За време на гонeњето на христијаните при Диоклецијан, беше ставен во зaтвор. Подоцна учествуваше на Првиот вселенски собор, во 325 година. Блажено се упокои во 342 година, во длабока старост. Беше најблаг пастир, голем чудотворец и помошник во секакви невољи.

Неговите нетлени мошти беа пренесени од Мира во Бари во единаесеттиот век. Таму се наоѓаат до денес.

Свети Никола се слави во многу домови и многу верувања и традиции се поврзани за овој ден. Она што е важно е дека на Св. Никола трпезата секогаш е посна, бидејќи се празнува во време на божиќните пости.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This