Некогашниот противкандидат на 3aeв: Полecно е да ги зголемиш даноците, него ли да ги наплатиш во Арачиново

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Експертот и противкандидатот на Заев за партиски лидер на Конгресот во 2013 година со Фејсбук статус го „поздрави“ предлогот на МАНУ за зголемување на даноците со цел да се намали јавниот долг

„Академик предлага покачување на даноците. Тоа е најлесно да се направи, да се натоварат уште повеќе тие што плаќаат данок. Потешко е да бориш против сивата економија. Треба прво тоа да се потсреди па после да се размислува за нови или повисоки даноци.“, рече Јовановски.

Даноците на доход и имот да се зголемат, а непродуктивните трошоци да се скратат. Со ваква препорака денеска излегоа академиците од МАНУ со цел да се избегне финансиска нестабилност и да се намали јавниот долг.

Сепак, академик Таки Фити препорача да не чепка ДДВ-то за да не се случи ударот да биде врз најсиромашните. Исто така, вели дека неопходно е да се засили борбата против сивата економија и даночната евазија.

Предупреди дека постојат ризици од нова рецесија која дополнително би ја исцедила државната каса.

„Јас сум за тоа да има прогресивно оданочување, но кај персоналниот данок на доход. Јас сум против прогресивно оданочување на фирмите. Веќе има определено зголемување на даноците на имот, што е оправдана мерка и евентуално треба да се размисли во иднина дали ќе имаме еколошки даноци и што ќе значат тие од аспект на зголемување на даночниот товар. Но – делумно преку зголемување на даноците а повеќе преку другите мерки“

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This